Wednesday, December 14, 2011

Ајвар на македонски начин, дел втори

Ако не сте го прочитале ова  не читајте понатака. Правењето ајвар си е процес кој што има точно утврдени фази и не бива да се прескокнуваат делови. За останатите продложете понатаму.

Одисејата продолжува, пиперот е изладен и спремен за љупење. Неискусните Homo Balcanus-и ќе речат дека они никад не се фаќаат за љупење пошто рацете им мирисале, ноктите им се боеле, итн, итн. Да се разбереме Homo Balcanus со маникирани нокти не бидуе. Ако се праи ајвар за викенд сите колеги мора да го помирисаат слаткиот мирис на пипер што извира од твоите дланки у понеделник. Пошто нели не си невеста па да носиш теглички на работа, а да си работел нешо и да не се пофалиш исто не бидува.
Прво правило при љупење пипер. Стално ги бираш оние пиперки што сам си ги испекол (читај најкрупните и најубаво испечените). Пиперот само го љупиш али семето не го вадиш пошто тоа вкључуе додатен напор кој што е непотребен. Е сеа пошто на жените им сметаат семки у ајварот сами нека си ги чистат. 
Љупењето пипер е тешка и макотрпна работа и затоа обавезно покрај себе мора да се има прибор за прва помош кој мора да вкључуе пола кило мастика и кофиче мраз чисто за да не засипнеш од ладното пошто ајвар на топло не се праи оти може да скисне.

Откако пиперот ќе се изљупи следи мелење. Е ова е искључиво работа на припадниците на  H.B. и тука жени нема што да бараат. Прво и основно треба да се пази да не се погодите да праите ајвар у исто време со комшијата што има бормашина. Бормашината е есенцијален елемент у мелењето на пиперот и истата мора да се обезбеди. 
Значи бормашината се монтира на ручната машина за мелење месо и се пушта на кец. Некој ќе рече дека сеа има електрични машини за мелење и све ова не е потребно али тие забелешки треба да се игнорираат пошто доаѓаат од луѓе кои што не припаѓаат на родот H.B. 
Пиперот треба да се внесуе рамномерно у машината за да не заглавуе и да не протече. Пошто младите мушки наследници мора да се упатат у тајните на ракувањето со бормашинизираната машина за месо се праи кратка демонстрација за нив од некои пола саат и после се оставаат сами да продужат. Искусниот H.B само врши надзор и праќа по некоја воспитна ако децата забушаваат. Надзор без кафе и локум не бидуе и затоа викаш по жените у фамилија да ти донесат.
Откако ќе се смели пиперот се пристапуе кон негово пржење. Потсети се овде како се спрема потпала. Прва задача на H.B. одувек била да запали огин и тоа останало од камено доба па се до денес.Откако ќумбето ќе забувта се ложи квалитетно со дебели цепаници за разлика од ќумбето за печење пипер кое што се ложи со сачки. Грешка у чекори овде и аутоматски добијаш искључење од родот H.B. Дур убаво да се загрее смесата од пипер пожелно е да се дрмне некое пивце и да се спреми прикладна музика за мешање. На Виенски Валцер не се меша ајвар! Потребна е турбо фолк музика или некој сплет од ора и чочеци за да се одржава прав ритам при мешањето. Се препорачуе користење на музика со 7/8 такт за автентичен Македонски вкус на ајварот. Пошто мешањето трае долго пожелно е да се обучат и помладите членови на фамилијата у тој дел од производниот процес.
Следи пакуење на финалниот производ у тегли. Тука H.B единствено ги затега капаците на теглите пошо све остало е женска работа што му е испод части. Нормално пошо теглите се вруќи се предвидуе бар една до две да паднат на патос и да се сокапат али тоа е такозвани ајвар данок кој што мора да се плати за да не скисне остатокот. Ладење на рацете се обавуе измеѓу стегање на две тегли со добро оладено пивце у срча. Заради одржавање на работна температура на раце пожелно е да се има пун фрижидер со пиво (една гајба е тамам све остало е машала).
Откако све ќе се спакуе се пристапуе кон собирање на преостанатиот ајвар со топло сомунче. Тука неискусните припадници на H.B  ги пуштаат децата али прав H.B знае дека у животинско царство прво јаде доминантниот (читај лавот) а после сви остали. Значи сомунот у рака и макај народе.
На H.B ни на крај памет не му паѓа да замие нешо од шерпи и остали тракатанци пошо жените се за тоа, нали. једино што праи е гасење на неговата светост ќумбето и негово преместуење под стреа пошо ќе треба да се најде пак.
Правењето ајвар за H.B е света работа и откако се ќе се заврши се пристапуе кон заслужен одмор кој што у зависност од примерокот трае од 3 до 6 месеци, период у кој не се фаќа нишо по дома пошо уше те држи мајата од ајварот.


2 comments:

  1. Прво питање (такозвано питање број 1 точка). Драган, ти припаѓаш на искусен Хомо Балканус или сеуште се оформуваш како таков? Дали женати одговара на твоите повици за ладно пиво и мастика? Пошо, една јака карактеристика кај Хомо Балканус е да се истакнува пред другите со засилени способности користејќи хиперболи (како, кога Крали Марко го водел орото, наместо шамивче вртел јамболија). Ако си ти јунакот што се претставува во текстот погоре, ондак, треба да се пресметаме тета тет на едно мезе. Као шо знаеш, после оваков обред следуе уше еден заслужен одмор.

    Е сеа, иам ја еден другар кој се нема зафатено со праење ајвар, туку си го зема заслужениот одмор од 6 месеци, а притоа пробуе да ќари тегла од сите недоодморени Хомо Балкануси кои сеуште ги трпат последиците од мастиката, ѕидарските пивца и мезето. Шо треба тој Хомо Балканус да побара од својата жена да зготви за да се задоволи гневот на недоодморените Хомо Балкануси?

    Иако постојат многу вакви Хомо Балкануси Готовани (ХоБаГо -> Хебаго -> Ебаго) помеѓу вредните Хомо Балкануси, овој Ебаго, под притисок од мерак за кснуење тазе ајвар, проба да го обави адетот. Но на крај неговите родители завршија на олтарот на ќумбето и беа задолжени со свечено вртење пиперки. Значи овој Хомо Балканус ептен не го бива. Дали треба да му се прости тоа? или можеби тоа е модерен Хомо Балканус, као оние кои купуваат од маркет?

    Пошо сите се пишуеме под псевдоними. Еве те поздравуе,
    Деспот

    ReplyDelete
  2. This comment has been removed by the author.

    ReplyDelete

Your Ad Here