Sunday, October 2, 2011

Ајвар на македонски начин, дел први

Ова е упатство за сите мажи припадници на видот Homo Balcanus за тоа како треба да се однесуваат при подготовка на ајвар и остали намази од пиперки.
Прво и основно ништо не се праи на празен стомак! Затоа морално е да се мавне една ракија посабајлечки за да се загрее организмот. После следуе една до шест лажици слатко у зависност од  големина на примерокот и неговата изгладнетост. Кафе мора за да убациш у брзина и да моеш да разбереш што е у ствари сета таа галама по дома уше од седум саатот.
Коа сваќаш дека те чека предизвикот наречен ајвар мааш уше една ракија за храброст и одлучно се фаќаш у костец со истиот.
Ко прво го вадиш ќумбето од подрум или од гаража. У процесот ги наоѓаш клештите што ти требаа прошлата недела и си ја мааш главата 2-3 пати од орманчето што не се затвара и што чека на ред да му се сменат шарките.
Основно правило при поставуење на ќумбе е истото да се монтира у завет пошто ако е на промаја  све што е од женски род ќе добие кичмобол и цела работа ќе остане на гордите припадници на Homo Balcanus а тоа не е воопшто посакувано!
Откако ќумбето е поставено у ЗАВЕТ се почиња со ложење. Ќумбе не е голф па да пали од прва и затоа увек имајте спремно потпала покрај ќумбето. Неискусните припадници на Homo Balcanus се познаваат по тоа што се трудат све да им тргне од прва и после пцујат коа ќе им изгаси огнот. Значи откако добро ќе се испцуете пошто ви изгасило ќумбето бутајте потпалата па у ќумбето и палете пак.
Откако огнот ќе се разгори се пристапуе кон редење на пиперот врз ќумбето и тоа по следниов редослед: тенките пиперки по страна а дебелите у средина. Основно правило е да се одржава огинот на тивко а за тоа се користат сачки или деланки. Homo Balcanus никад не користи помошни средства при справуење со сачки! Све тоа се крши само со раце а секира е строго забранета. Ако настане рана при ракување со сачките потребно е истата да се намачка со ракија и да се тргне една чашка за внатрешна дезинфекција. Поискусните превентивно тргаат по една до две чашки пред да почнат со припрема на сачките.
Процесот на вртење на пиперот е работа за двајца и затоа одма штом ќе се нареди првото ќумбе со пипер се бара помош од припадник на женскиот пол. Ако не дотрча на повикот “злато, ела малце“ помагааат повиците “Мориии кај си маааа“ и “(Домашно животно у женски род) доаѓај“
При вртење на пиперките треба особено да се внимава да не се залепат прстите до ќумбето. Пошто пажљивост не му е јака страна на H.B. у рок од десет до петнаес минути секој примерок бар еднаш ќе се допре до ќумбето. Кога ќе се деси неизбежното битно е да се понашаш ко прав муж. Солзи не идат у обзир, љутината и болката се искажуваат строго преку пцовки кои се упатени према пиперките, комшиките и све што е женско у близина. За да те пушти болката побрзо битно е да се конзумира бар една до две ракии колку да те замате. Пошо заматен човек не бива да седи до ќумбето идеш малце да прилегнеш.
Откако ќе одмориш малце (саат до саат и пол) се враќаш да помогнеш у печењето. Вртиш пипер едно петнас минути до пола саат и пак се гориш на ќумбето. При второто горење доаѓа до појак излив на емоции и тука више дозволено е да се каже дека више никад у живот нема да праиш ајвар, дека има сеа све да се купи у продавница и дека не се исплати да го праиш дома. Пропратно ги пцуеш сите околу тебе а ако има пластични столчиња може и да шутнеш некое али обавезно шутот да биде подалеку од ќумбето. Дрвени столчиња не се шутираат пошто може да дојде до болна повреда (Комшијата Спасо лани така го скрши малиот прст на десната нога).
Раката ти е више сериозно изгорена и затоа праќаш некое дете шпринт до продавница да ти донесе три ладни пива од дубоко. Дур жените ги допекуваат пиперките ти си ја ладиш раката на пивото и истото го конзумираш за да те излади и од внатре. Статистички е докажано дека потребни се три пива за да се неутрализира отокот од изгореницата и затоа нема прекинуење дур на се допијат трите пива. Битното е секогаш пивото да го држиш со изгорената рака пошто иначе нема ефект.
Откако сите пиперки се испечени и спакувани у ќеси, ти ко права мушкарчина ги зимаш ќесите и ги носиш на бетон да се ладат. Притоа изричито одбиајш да ги носиш ќесите една по една или у шерпа него сите заедно и строго за рачките. Дур да ги однесеш до бетонот една од рачките ќе ти се скине и ќесата ќе ти се истури. Нема потреба за паника, доволно е да почнеш да пцуеш на цел глас и жените ќе дотрчаат со нова ќеса и ќе ги приберат паднатите пиперки.

Продолжува ....

1 comment:

  1. Koj si jade ajvar i neka si go pravi.. neka pece piperki i neka lupi...drugata grupa moi istomislenici koga imaat vakov nagon za hrana ednostavno idat na stadion i si kupuvaat tegla ajvar i krkaat..drugite neka mu ja mislat za pravenje...u prevod-sto moze drug da napravi za tebe ne go pravi ti! Tie kako mene ne se zamaraat so vakvi raboti, nego uzivaat na popisna naselenie idejki po kuki popisuvaat ljudovi i albancinja uz kafica si i drndaat:))

    ReplyDelete

Your Ad Here