Friday, April 6, 2012

Нема пензија за младите работници?

Инспириран од следниов текст во Капитал решив да пишам два три збора за тоа што мислам околу целата приказна со пензиските фондови. Мора да потенцирам дека не сум економист и не велам дека она што го пишувам е вистинското решение но сепак мое мислење е дека е добра алтернатива.
Како прво онаа влада што ќе ги укине пензиските фондови и ќе рече пу пу не важи се што сте уплаќале до сега ќе биде запалена! Замислете го незадоволството на илјадници граѓани кои петнаесет години па и повеќе уплаќале на сметката на пензиските фондови за на крај да дознаат дека нема ништо од пензија. Не може да ја споредиме Македонија со Германија каде што просечниот граѓанин има можност да заштеди за нормален живот на старост и да може да си дозволи да ја изгуби пензијата. Загубата на правото на пензија за повеќето од нас би значело просјачки стап по автоматизам. Затоа и верувам дека револтот кај населението ќе биде огромен, но поучен од минатото можам само да кажам дека Македонецот може да истрпи се па така и ова може да помине со познатата максима „Ќути може да биде и полошо!“.
Проблемот со пензиите а општо и целосната ситуација во државата според мене може да се реши со превземање на следниве чекори:
  • Укинување на задолжителното пензиско и здравствено осигурување.
  • Донесување на закон кој што ќе им дозволи на банките да купуваат онолку државни благајнички записи колку што имаат пласирано кредити во стопанството!
  • Зголемување на ДДВ-то од 18 на 25% со цел да се покрие социјалната пензија и социјалното здравствено осигурување!
  • Легализација на проституција и марихуана по примерот на Амстердам! (само во одредени градови или само во одредени квартови во рамките на секој град)
  • Прогласување на неутралност и излегување од сите воени и што ти ја знам какви не сојузи!
  • Фокусирање на извозот на вино и цигари кон Кина!
  • Партнерство со арапските земји!
  • Промоција на Македонија како мирно и чисто место за живеење и привлекување на пензионери од Европа кои што би ги поминале последните години од животот во Македонија!
  • Фокусирање кон обновливи извори на енергија како на макро така и на микро скала. (субвенционирање на градби со фотоволтаични покриви, активно учество на државата во проекти кои што користат „зелени“ технологии по примерот на Јордан)
  • Заложба за обработка на над 90% од обработливото земјиште во Македонија!
  • Заложба за програми од типот вино за жито, тутун за нафта и слично!
  • Субвенционирање на технологии и дејности кои што од отпад произведуваат суровина (производство на брикети од дрвни остатоци,производство на пластика од искористена амбалажа, производство на компост од растителен отпад и слично)
Се надевам дека ова ќе стигне до очите на некој битен битен во државава и ќе се превземат барем еден дел од предложениве мерки. Апелирам да не биде единствно мерката покачување на ДДВ прифатена а останатите занемарени!

No comments:

Post a Comment

Your Ad Here